Понуди за Чебрен и Галиште до 15 декември

Bez autora
Sep 27 2011

Рокот за доставување понуди за Чебрен и Галиште се пролонгира. Иако 30 септември беше старо-новиот рок до кога заинтересираните компании требаше да достават понуди за изградба на овој капитален проект во енергетскиот сектор, Министерството за економија одлучи новиот термин да биде 15 декември 2011 година. Од Економија велат дека продолжувањето на рокот е направено на барање на заинтересираните компании, бидејќи им требало време да подготват квалитетни понуди. Ова е шести обид да се најде странски инвеститор за хидроцентралите, чија изградба се проценува на околу 700 милиони евра. Првпат оваа година тендерот стаса и до втората фаза и од 16 пријавени компании, беа избрани 10 потенцијални инвеститори, меѓу нив австриски ЕВН, кинеската корпорација РВЕ, Едисон - Италија, Енергопро од Чешка, како и конзорциуми од Исланд, Британија, Кореја.

Понуди за Чебрен и Галиште до 15 декемвриРокот за доставување понуди за Чебрен и Галиште се пролонгира.

Иако 30 септември беше старо-новиот рок до кога заинтересираните компании требаше да достават понуди за изградба на овој капитален проект во енергетскиот сектор, Министерството за економија одлучи новиот термин да биде 15 декември 2011 година. Од Економија велат дека продолжувањето на рокот е направено на барање на заинтересираните компании, бидејќи им требало време да подготват квалитетни понуди.

Ова е шести обид да се најде странски инвеститор за хидроцентралите, чија изградба се проценува на околу 700 милиони евра. Првпат оваа година тендерот стаса и до втората фаза и од 16 пријавени компании, беа избрани 10 потенцијални инвеститори, меѓу нив австриски ЕВН, кинеската корпорација РВЕ, Едисон - Италија, Енергопро од Чешка, како и конзорциуми од Исланд, Британија, Кореја.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik